Македонија
5. December 2017 - 12:07

Гостиварски средношколци на обука во Швајцарија за правата на детето

Група од шеснаесет ученици од средното економско училиште „Гостивар“ отпатуваа во Швајцарија, на двонеделна обука за подобрување на правата на децата.

Нивниот престој е во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето“  што го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА, во кој училиштето е вклучено од 2012 година .

- Во рамките на овој проект во нашето училиште успешно функционира училишната заедница и дете правобранител кои работат на заштита на правата на децата, анти-дискриминација и мултикултура како и подобрување на условите за непречено спроведување на наставата во училиштето. Нашата група од 16 ученици е избрана како резултат на досегашната активна работа, информираат од училиштето.

Целта на интеркултурната размена е учениците да се здобијат со знаења и вештини за правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација и меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

На обуката која ќе трае до 20 декември учествуваат учениците: Емел Џеладини, Валдрин Лумани, Седат Сулејмани, Исеин Исеини, Бесар Илјази, Ерзана Мисими, Мируше Идризи, Емилија Данилоска, Окан Бајрами, Стефан Горѓиески, Леонита Селмани, Вјолца Салиу, Михаела Михајлоска, Марија Маркоска, Емилија Србиноска и Муса Фејзулахи во придружба на супервизорите: Наташа Илиевска и Миневер Черкези.