-->
-->
Гостиварец осомничен за обљуба на малолетничка
-->
Триесет и едногодишен гостиварец е лишен од слобода откако бил пријавен дека извршил обљуба на малолетна девојка. Полицијата работи на расветлување на случајот.
Според информацијата од СВР Тетово, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ноќва во 00:45 часот го лишиле од слобода И.Б. (31) од Гостивар. Тој се сомничи дека во дворот на семејната куќа извршил обљуба врз 17-годишна малолетничка од Скопје, која имала привремено живеалиште во Гостивар.
И.Б е задржан во полициска станица Гостивар, а по целосното документирање на случајот против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот