Гостиварец ја малтретирал својата неподвижна сопруга – Не и давал лекови и храна и ја скубел за косата
Основното јавно обвинителство – Гостивар до надлежниот Суд поднесе предлог за издавање казнен налог против лице на возраст од 53 години за сторено кривично дело „повреда на семејни обврски“ од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Поради стореното кривично дело, Основниот суд Гостивар на обвинетиот му изрече казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело во рок од една година.
Како што информира Обвинителството, обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено не пружил нега на неговата сопруга која е неподвижно лице.
– Обвинетиот не се грижел за одржување на личната хигиена на оштетената, не и давал лекарства и храна. Тој во неколку наврати ја скубел за косата и ја туркал по рацете и и давал несоодветни лекарства за успивање, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта