-->
-->
Гостиварчанец остана без своето злато
-->
- Златен накит, часовници и девизи синоќа се украдени од куќа на улицата „Беличица“ во Гостивар.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека кражбата синоќа околу 20 часот ја пријавила сопственичката на куќата М.Ф. Кражбата била извршена додека сопственичката на куќата заедно со сопругот биле излезени од домот.
Крадците влегле откако скршиле еден од прозорците на куќата по што од спалната соба одзеле две кутии со повеќе парчиња златен накит, женски часовници и 650 евра. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на 560 илјади денари, а причинета е штета од над седум илјади денари.
Полициска екипа извршила увид на местото на кражбата и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери