Гостивар ќе добие локална мрежа на мерни сензори за следење на квалитетот на воздухот
Во Гостивар до 2017 година немаше ниеден, а наскоро ќе се создаде цела локална мрежа на мерни сензори за следење на квалитетот на воздухот, со што Гостивар ќе биде меѓу првите општини со ваква мрежа.
Ова беше соопштено по денешната средба на градоначалникот Арбен Тарвари со двајца млади гостиварци, Благоја Беловинов и Богдан Јелисковски кои ќе инсталираат два нови мерни сензори.
– Сензоритe ќе го мерат загадувањето според избраниот алгоритам за штетни честички PM 10, 5, 2.5 и други супстанции. Со инсталирање на двата нови сензори, во Гостивар ќе имаме пет мерни станици за квалитетот на воздухот, истакна Таравари.
.Двата нови сензори, се планира да се постават во близина на депонијата Русино и фабриката „Вардар Доломит“, додека постојните мерни станици се наоѓаат кај поранешен „Жито Шар“, големиот пазар и ООУ „Гоце Делчев“. Податоците од двата сензора, заедно со податоците од трите постојни, ќе бидат поставени во апликацијата „Мој воздух“ и на веб-страницата на Општина Гостивар.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени