Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
Денеска (19.05.2024) во 02.40 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со национална ознака на Чешка Република, управувано од Г.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(25) од Житоше, прилепско, по што удриле во три паркирани патнички возила „сеат“, „цитроен“ и „фолксваген“.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Р.Ќ.(26) с.Чајле, гостиварско, а со телесни повреди се здобиле возачите на возилата „ауди“ и „голф“, како и сопатникот на возилото „голф“ А.И.(60) од Житоше, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Орбан: Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради противењето на нејзиното членство во ЕУ
-
Уапсени три криминалци од Куманово барани со потерници за затворски казни
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода