Горивата поскапуваат од половина до еден денар
Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина деанар по литар и ќе изнесуваат 63,5, односно 53 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за еден денар по литар и ќе чинат 61,5 и 53,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 26,585 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во последните седум дена кај бензинот во просек за околу 3,81 отсто и кај дизелот за околу 3,84 отсто, како и за 0,507 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости