Горивата поскапуваат од половина до два денари по литар
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, дизелот поскапува за 1,5, а екстра лесното масло за домаќинството за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 92,5, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 89,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,46 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 50,228 денари.
Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,973 отсто, кај дизелот за 0,154, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,501, а кај мазутот намалување во просек за околу 0,187 отсто. Курсот на денарот е за околу 0,36 отсто понизок од курсот на доларот.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден