Бизнис
12. јуни 2017 - 11:59

Горивата поевтинуваат во Македонија?

Големото намалување на цената на нафтата на светските берзи навестува пад на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија, во пресрет на годишните одмори.
За две недели, од последната корекција на цената од страна на Регулаторната комисија за енергетика, цената на барел нафта се спушти за околу 5 долари.
Ако се има предвид дека актуелната цена од околу 47 долари за еден барел е пониска и од цената врз основа на која регулаторот пред еден месец ги одреди цените.

Во такви услови, за очекување е намалување на цените меѓу 1 и 2 денари по литар.

Регулаторната комисија се очекува да ја објави својата одлука околу пладне.

Новата цена на горивата ќе почне да важи од полноќ.