Гори сметот на депонијата Краста
- Од утрово гори депонијата Краста каде се сладира сметот од градот Куманово. Екипите и на ЈП „Чистота и Зеленило“ и на Територијалната противпожарна единица постојано се на терен, обидувајќи се да го стават под контрола пожарот кој се карактеризира со густи облаци од чад и непријатен мирис.
- Постојано сме на терен со екипите. Со механизација посипуваме со земја одредени места на депонијата за да се спречи понатамошно ширење на пожарот. На неколку места има оган, кој го гасат екипите на противпожарната единица, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, вели дека од дознавањето на информацијата досега до пладневните часови, континуирано испраќале седум цистерни со пожарникари.
- Сметот гори поинаку, не е класичен пожар кој лесно се става под контрола. Вложуваме заеднички напори со екипите на претпријатието целосно да го ликвидираме, изјави Илиевски.
Речиси секое лето во неколку наврати гори депонијата Краста. Непријатниот мирис го чуствуваат жителите на село Пчиња, а понекогаш го чуствуваат и граѓаните кои живеат во периферните делови од градот Куманово.
Ново на Сител
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот