Гори градската депонија во Дебар, надлежните сметаат дека пожарот е подметнат
– Веќе неколку часа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат низ град. Во гаснењето на пожарот се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ со сопствена механизација.
– Околу 16 часот добивме дојава дека има пожар на градската депонија, по што веднаш се упативме. Зафатена е поголема површина. Околу причините не сакам да шпекулирам, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.
Заедно со вработените на „Стандард“ на самото место е и директорот Бурим Каба, кој изјави дека се сомнева оти станува збор за подметнат пожар.
– Ова е првпат годинава но и неколку месеци пред тоа депонијата да гори. Се сомневаме дека пожарот е подметнат. До 15 часот бев тука на вообичаен секојдневен увид, поради можноста пожар да се појави од високите температури. Со безбедносните камери, но и со голо око не забележавме никаков чад. Наеднаш пожарот избувнал околу 16 часот. Повеќе од сигурен сум дека истиот е подметнат, рече за МИА, директорот Каба.
Градската депонија се наоѓа на излезот од Дебар, на патот кој води кон бањскиот локалитет Бањиште и граничниот премин „Блато“.
Од пред две години на градската депонија поставени се безбедносни камери, оградена е со бетонска ограда а на влезот е поставена рампа, но, како што вели Каба, оној кој „намерил да предизвика зло наоѓа начин како тоа да го направи“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција