Горан на Суд за најбруталното убиство: "И го искршив черепот на сопругата која ми роди два сина"
Во судот во Белград продолжува судењето на 53-годишниот Горан Живковиќ кој ја уби својата сопруга, 48-годишната Јасмина. Ја убив жената која ми роди два сина и ја сакав повеќе од животот, изјавил тој пред присутните во судницата.
- Не сфаќам што сум направил, се ми е низ магла, тешко ми е и не спијам ноќе, вели тој.
Убиството се случи минатата година кога Горан во раните утрински часови и го смачка черепот, со 16 удари од шипка. Причина за убиството кое ја згрози Србија, но и регионот, е патолошка љубомора.
За да го сокрие злочинот, Горан ја сокрил шипката во септичка јама во дворот, ги избришал трагите, а на соседите им рекол дека биле жртви на крадци, откако претходно го растурил домот за да изгледа како некој насилно да провалил.
Судењето за бруталното убиство ќе продолжи на 12. јули кога ќе бидат сослушани членовите на семејството на несреќната жена.
Ново на Сител
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари