-->
-->
Голманот на Сити Харт во Торино
-->
Голманот на Манчестер Сити и фудбалската репрезентација на Англија, Џо Харт (29), во вторникот ќе допатува во Торино и доколку ги мине задолжителните лекарски прегледи ќе се пресели на едногодишна позајмица во овој клуб, пренесуваат британските медиуми.
Британскиот сервис BBC објави дека Фудбалската асоцијација на Англија му дозволила на Харт привремено да ги напушти подготовките на националниот тим за да може да отпатува во Торино.
Харт стана вишок во Сити откако менаџерската функција ја презеде Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег на долгогодишниот чувар на мрежата на Сити му соопшти дека може да го напушти клубот, а потоа го реализира трансферот на Клаудио Браво од Барселона кој треба да биде прв голман на „граѓаните“.
И покрај тоа што од завршувањето на ЕУРО 2016 Харт бранеше за Сити на само еден натпревар (против Стеауа во Лигата на шампионите), новиот селектор на Англија, Сем Олердајс го повика во репрезентацијата за квалификацискиот натпревар против Словачка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ