Фудбал
23. јуни 2016 - 14:49

Голманот Кираљи лансираше нова мода во Унгарија!!!

Легендарниот унгaрски голман Габор Кираљи стана најстариот играч (40) кој настапил на едно европско првенство, а во Унгарија стана симбол на преродбата на фудбалот во оваа земја по повеќе децениско отсуство од големите натпреварувања.
 
Унгарија на ЕП го освои првото место во групата во која беа уште и Исланд, Португалија и Австрија и во осминафиналето ќе игра против Белгија. Без оглед на тоа како ќе заврши тој меч, тие се веќе херои во својата земја.
 
Најголем херој од сите играчи е ветеранот Габор Кираљи. Неговиот стил на облекување на натпреварите, кој го негува од почетокот на кариерата, односно инсистирањето да носи обични памучни тренерки, во четвртокот е заштитен знак на десетици илјади Унгарци.
 
Имено, среќни што нивната репрезентација се пласираше во осминафиналето на ЕП, Унгарците прогласија ден на Кираљи и на работните места, илјадници навивачи без оглед на хиерархиската поставеност, се појавија во долни тренерки.