Балкан
25. December 2015 - 12:27

Големо загадување на воздухот во Србија

Во Србија е регистрирано големо загадување на воздухот, а три четвртини од населението во градовите е изложено на загадување над дозволените граници, информира српската државна телевизија РТС. 

Најзагаден е воздухот во градовите Ужице, Ваљево и делови од престолнината Белград, а над 80 проценти од загадувањето се должи на енергетскиот сектор.

Во последните два месеца е зголемен бројот на луѓето со респираторни проблеми, а под особена опасност се децата.