Живот
21. November 2019 - 21:39

Големо откритие на Флорида: Под училиште пронајдени 145 гробови, воопшто не знаеле каква тајна крие ова место

Под средно училиште во Тампа, на Флорида, пронајдени се околу 145 сандаци за кои се верува дека припаѓаат на историски гробишта од средината на 20 век.

Училишниот округ Хилборо соопшти дека техничарите пронашле „јасни докази“ за гробиштата на подрачјето на кампусот на средното училиште Кларенс Леон Кинг.

Токму училиштето смета дека остатоците се дел од гробиштата Риџвуд од раните 1940-ти години кои биле сопственост на градот. Училиштето е отворено во 1960 година.

Тања Арја, портпарол на школскиот округ, рече дека надлежните служби започнале истрага минатиот месец откако училиштето добило дојава дека најверојатно се наоѓа на локација на поранешни гробишта.

Ковчезите се најдени на длабочина од 3-5 метри близу помалата зграда која се користи за земјоделската програма на училиштето.

Според историските извори, на тоа подрачје би можеле да се наоѓаат над 250 граобови на Афроамериканци.

„Доста ми е од ова, навистина е болно. Да може да не фрлите и никој да не зборува за нашата историја. Никој не зборува за овие луѓе“, рече Ивет Луис од Националната асоцијација за унапредување на положбата на болните лица.