Големите компании го откупуваат тутунот во прилепско
Големите откупни компании почнаа со откупот на тутунот. Од денеска тутунот се откупува во „Алијанса“ од Кавадарци и „Струмица табак“, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и „Сокотаб“ од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат.
Според Сојузот на тутунските здруженија, годинашната реколта е над 20.000 тони и е помала од ланската, но е поквалитетна. Затоа тутунарите очекуваат солидна откупна цена и реална процена на вагите на откупните пунктови.
- Тутунарите се задоволни од почетокот на откупот. Така очекуваат да продолжи. Големите откупни претпријатија ги отворија пунктовите. До понеделник сите девет откупувачи ќе го проценуваат родот на вкупно 186 ваги на 152 откупни пункта во земјава. Моментално се откупува на 85 ваги, изјави претседателот на Сојузот, Данчо Милески.
Во посета на пунктовите во Прилеп денеска ќе биде заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој ќе ги посети пунктовите на „Сокотаб“ од Битола и градскиот пункт на Прилепскиот тутунски комбинат. Костадиновски ќе има средби и со земјоделците од Кривогаштанско.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани