Македонија
4. јуни 2020 - 19:44

Големиот број на болни ја одложи дебатата за избори

Новиот пик на корона вирусот во Македонија ја издиша темата поврзана со изборите. Веќе неколку дена по ред, од владејачката СДСМ не може да се слушне ниту зборот избори, ниту датумот 5 јули.
Политичките аналитичари велат дека ваквите постапки се очекувани, особено ако се има предвид револтот кој кај граѓаните го предизвика одлуката за 80 часа карантин/

Сепак, Арсовски вели дека избори мора да има, а извесно е дека кога и да се случат тие, епидемијата на корона вирусот нема да биде целосно под контрола.
Кога е најдобриот термин тие да се организираат дилема има и шефот на мисијата на Европската унија во Македонија. Тој вели дека надлежните ќе треба да направат темелна анализа пред да излезат со конечен став.

Исти дилеми имаат и во Владата.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекувано вината за пикот на корона вирусот ја лоцираат во власта. Од партијата се сомневаат дека се манипулира со бројките за да се излезе во пресрет на планот на СДСМ за брзи избори.

Загриженоста на опозицијата шефот на ВМРО-ДПМН Мицкоски му ја пренел и на Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск со кого утрово остварил телефонски разговор. Како што стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Туск постигнале согласност дека најпрво е заеднички да го победиме вирусот, па дури потоа да се спроведат избори кои ќе бидат фер и кредибилни.
Во СДСМ и денеска нема ниту еден збор за изборите. Од партијата порачуваат да се почитуваат мерките за да заштити здравјето.

Согласно уредбата која ја донесоа министрите од власта, изборите треба да се одржат 22 дена по 12 јуни, кога истекува вонредната состојба.