-->
-->
Големи антиамерикански демонстрации на Окинава
-->
Илјадници демонстранти се собраа денеска на јапонското острово Окинава за да протестираат против тамошните американски воени бази и кривичните дела на американски војници кои веќе со децении ги вознемируваат локалните жители.
Демонстрантите, кои според организаторите се повеќе од 50.000, особено се гневни на САД откако поранешен маринец вработен во воената база во Окинава во април силуваше и уби локална девојка.
Тој случај го интензивираше долгогодишниот анимозитет спрема американските воени бази на Окинава, популарна туристичка дестинација на Јапонците, но и од Кина и други азиски држави. Демонстрации против американското воено присуство на Окинава се одржуваат и пред јапонскиот парламент во Токио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски