Македонија
15. October 2020 - 16:42

Голема полициска акција, уапсени 12 лица

Сузбиена 12 члена криминална група која криумчарела мигранти. Во изминатите 10 месеци групата спровела повеќе од 100 мигранти од Авганистан, Пакистан, Сирија и Иран, а за транспортот наплатувале од 500 до 700 евра. Мигрантите биле превземани преку нелегални премини од Грција, а преку Македонија и Србија биле спроведувани во западно европските земји.

Во полициската акција утрово во повеќе обејкти во Скопје, Гевгелија, Штип и Куманово, приведени се 10 лица на возраст од 21 до 53 години. 1 лице е веќе во притвор, а по едно лице полицијата се уште трага.

Полициската акција е спроведена во координација со јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и одделите за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Од МВР потенцираат дека акциите ќе продолжат и во иднина со цел да се спречат секакви криминални активности.