Македонија
30. October 2023 - 10:45

Голема полициска акција: Претреси и апсења за „Синџир“ во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По завршување на акцијата обвинителството детално ќе информира за предметот.