Голема полициска акција пред Зебра во скопски Капиштец
Голема полициска акција во моментов се случува пред трговскиот центар Зебра во скопски Капиштец.
Очевидци за Press24 велат дека пред малку, полициски службеници уапсиле едно лице во кафулето во трговскиот, откако кај него пронашле плав плик во кој веројатно имало пари.
Според информациите до кои дојде Press24 од очевидци, мажот на возраст од околу 50 години седел во кафулето кога му пришло едно лице. Седнало на неговата маса и му предало син плик.
Веднаш по тоа во кафулето влетала полиција и го уапсила мажот.
Во моментов, како што информираат очевидци, приведениот е пред кафулето каде полицијата го има спуштено на колена и му ставила лисици.
Од МВР се уште не можеме да добиеме официјална потврда за случајот ниту пак за идентитет на приведениот.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство