Македонија
6. March 2021 - 19:50

Голема полициска акција попладнево во Гевгелија

Во голема полициска акција пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога. Според првичните и неофицијални информации запленети се околу 200 килограми марихуана, а две лица се приведени. Марихуната  требало да биде пренесена од Македонија во соседна Грција. Таа била спакувана во неколку вреќи кои полицијата ги пронашла на самата гранична линија во атарот на селото Селемли. Од МВР само ја потврдија акцијата,  но дополнителни информации не соопштија. Детали најавија во текот на утрешниот ден. Според неофицијалните информации акцијата се уште трае , а претреси се вршат на повеќе локации во гевгелиско.

 За случајот веќе била информирана и грчката полиција која започнала интензивно да го пребарува теренот со цел да утврди дали има инволвирано и други лица. 

Бидејќи се работи за обемна акција во нејзината реализација биле вклучени одделот за криминалистичка полиција, сектор за недозволена трговија со дроги оружје и опасни материи во координација со агенција за национална безбедност заедно со регионалниот центар Југ  и СВР Струмица.