Голема полициска акција: Одземени 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција, приведени 10 лица
Денеска (30.01.2022) во периодот од 04.00 до 08.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, во координација со Државен пазарен инспекторат спроведе акциска контрола на подрачјето на целата држава, со цел санкционирање на кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и др.
Во рамки на контролата утврдени се 6 кривични дела од кои 5 по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и 1 по член 215 од Кривичниот законик - за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека 6 прекршоци се однесуваат на други закони. Исконтролирани се 160 локации на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи, приведени се 10 лица, а лишени од слобода се 5 лица кои не ги почитувале горенаведените законски одредби. Воедно, при контролата одземени се 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција.
Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело, по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја