Голема побарувачка за кредити во еврозоната
Гладот на компаниите за пари во периодот од април до јули ги одразува многу големите потреби од итна ликвидност на фирмите, со оглед на тоа што голем дел од еврозоната беше блокиран поради пандемијата на коронавирусот, соопшти Европската централна банка врз основа на истражување спроведено во 144 банки.
Побарувачката на кредити и кредитни линии од фирмите во второто тромесечје го достигнаа „највисокиот нето баланс од почетокот на истражувањето во 2003 година“, додава банката.
Кредиторите информираат дека нивните кредитни стандарди – критериумите за одобрување на заеми – останале во голем степен непроменети за компаниите, затоа што многу влади се вклучиле да ги гарантираат заемите на фирмите.
Побарувачката на хипотекарни кредити од трана на домаќинства „е многу намалена“, а на потрошувачки кредити и други заеми паднала на најниско ниво од 2003 ггодина до сега.
– Послабата доверба на потрошувачите, влошените перспективи на пазарот на станови и пониските расходи за стоки за долготрајна употреба го покажаа своето влијание, соопшти ЕЦБ.
Банките очекуваат побавен раст на побарувачката на кредити од страна на фирмите во третото тромесечје, додека апетитот на потрошувачите за хипотекарни и потрошувачки кредити може повторно да се зголеми.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто