Голем шумски пожар во струшко, во гаснењето вклучен хеликоптер на МВР
Голем шумски пожар беснее во близина на струшкото село Делогожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единициа Струга, Фети Мазари.
Поради непристапноста на теренот за гасење на пламените јазици од копно, тој посочи дека побарале помош од Центарот за управување со кризи, од каде на местото пристигнал еден хеликоптер на МВР.
- Екипи на ТППЕ Струга во моментот се на терен со две против пожарни возила, а присутна е и екипа на ЈП „Национални шуми“. Зафатена е голема површина дабова шума и багрем, а постои опасност од префрлање на огнот од другата страна кон Поум, доколку не се интервенира од воздух, изјави Мазари за МИА.
Тој појасни дека истото место било зафатено од пожар и пред две години при што била изгорена голема површина багрем, дабова и борова шума.
Центарот за управување со кризи соопшти дека е ангажирана воздухопловна поддршка за гаснење на опасниот пожар шума кај селото Делогожда заради опасноста од проширување кон место што е непристапно за гаснење од земја.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени