Голем руски ракетен напад врз Украина
Русија утрово изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, а експлозии се пријавени во Киев, Винитсија, Дњепар и Миколаев, јави „Киев Пост“.
Според првичните извештаи, експлозиите се од украинската противвоздушна одбрана, а не од руски ракети кои погодиле цели.
Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира претходно на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
Противвоздушната одбрана била активна и во јужните региони на земјата вклучувајќи ја и Одеса.
Предупредувањата за воздушен напад, кои почнаа околу 7:45 часот по киевско време, во моментов сè уште се во сила низ целата земја.
Денешниот напад доаѓа по непроспиената ноќ за многумина во Украина, бидејќи Русија во текот на ноќта лансираше бран ирански дронови камикази врз повеќе градови вклучувајќи го и Киев. Украинската воздушна одбрана ги собори сите 24, потсетува весникот.
Последниот голем ракетен напад на Русија врз Украина беше во саботата на 14 јануари, во кој ракета погоди станбена зграда во Дњепар, при што загинаа најмалку 46 луѓе.
Ново на Сител
-
Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна