Македонија
22. November 2016 - 11:40

Голем пожар во Истанбул

Голем пожар избувна во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрампаша.

Пламените брзо се раширија наоколу и при тоа пожарот ги опфати и соседните згради, јави турската телевизија „НТВ“. 

На местото на несреќата се испратени многу пожарникарски возила.

Пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат пламените во фабриката од каде се издига густ црн чад.