Голем пожар на фабрика за мазива во Руан
Голем пожар избувна ноќеска во фабрика што произведува адитиви за мазива во францускиот град Руан, во Нормандија.
Префектот одлучи да го ограничи движењето на населението на 500 метри околу пожарот, со оглед дека фабриката е класифицирана какако СЕВЕСО – ризична, јавува дописникот на МИА.
Според весникот Париз-Нормандија, нема жртви. Оваа фабрика произведува адитиви за мазива е класифицирана како Севесо, односно под посебен надзор заради суровините што ги користи.
Околу 130 пожарникари се мобилизирани во гаснењето на пожарот.
Регистрирани се и силни експлозии. Училиштата во Руан и ќе бидат затворени денеска. Исто така е затворен и автопатот и други патишта што водат кон фабриката.
Од фабриката „Лубризол“ на 21 јануари 2013 година истекуваше меркаптан, миризлив гас што неколку дена предизвика непријатни миризби во долинатана Сена и југот на Англија. Во април 2014 година, Лубризол Франс беше казнета со 4.000 евра.
Ново на Сител
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола