Голем дел од Скопје денес без струја
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без струја ќе бидат неколку скопски општини.
Од 07:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Жан Жорес“, „Јордан Поп Јордан“, „Петре Филиповски Гарката“, улица „Ордан Пиперката“, дел од улица „Благоја Стефковски“ и дел од улица „Маџари“, во општина Гази Баба.
Без струја од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од населба Лисиче, дел од ТЦ Лисиче, околу маркетот Елида и улица „Димитар Туриманџовски во општина Аеродром.
Во период од 08:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Орце Николов“ број 125, 127, 129 и дел од улица „Костурски Херои“ во општина Центар.
Од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Волково улици 3, 11,13,15,17,55,59,61,63,65,67,
Без електрична енергија од 08:40 до 14:00 часот ќе бидат корисниците на дел од село Долно Соње во општина Сопиште.
Од 12:40 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Волково улици 81, 89 и 91 како и околните улички.
Без електрична енергија од 13:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Иван Хаџиниколовод“ куќните броеви од 75 до 87 околу НЛБ Тутунска Банка во општина Кисела Вода.
Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Љубин во општина Сарај.
Без електрична енергија од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Корушка“, Вангел Дину“ и улица „Иван Цанка“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте