Македонија
21. September 2023 - 12:23

Голем број верници во манастирот во Вељуса го одбележуваат празникот Рождество на Пресвета Богородица

Во присуство на голем број верници манастирот во Вељуса го  одбележа големиот христијански празник, денот кога е родена мајката Божја Богородица. Празнувањето започна уште од синоќа кога колони од народ се упатија кон еден од најстарите манастири во Македонија со цел да се поклонат пред иконата на Богородица, но и да запалат свеќа за нив нивните семејства.  Во чест на Богородица се одржа и целовечерно бдение и служба посветена на неа , а потоа и утринска литургија. За верниците кои присуствуваа на литургиите овој празник е посебен, а посетата на манастирот посебно чувство кое треба да се доживее.

Во чест на празникот домаќините од манастирот и годинава подготвија  посебна трпеза на која присуствуваат сите верници. Освен во манастирот во Вељуса, празнични литургии беа одржани и во сите православни храмови на струмичката епархија.