Голем број пожари избувнаа вчера, најголемиот дел се под контрола
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои во моментов 2 се активни, 7 се под контрола и 37 се изгаснати, соопшти ЦУК.
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 2
1. Општина Макдонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Јасен (борова шума);
2. Општина Студеничани: м.в.Дрешница – с.Батинци (мешана шума);
ПОД КОНТРОЛА: 7
1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (нискостеблеста вегетација);
2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, активен е кај с.Брежани, Опш.Охрид, додека под контрола е на Опш.Демир Хисар (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);
3. Општина Петровец: с.Градманци – Дивље (ниска вегетација);
4. Општина Дебар: над с.Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (нискостеблеста шума, трње и ниска вегетација);
5. Општина Охрид: Галичица (нискостеблеста вегетација);
6. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади) (деградирана шума);
7. Општина Делчево: Депонија Делчево (ѓубриште);
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори