Loading Video...
Кошарка
23. May 2022 - 11:48

Голден Стејт на една победа од пласман во големото НБА финале

Екипата на Голден Стејт ја дели само уште една победа од пласман во големото финале.
 
Голден Стејт го доби и третиот  дуел против Далас во финалето  на Источната конференција од НБА плајофот, па сега „Воините“ ги дели само уште една победа до пласман во големото финале. Во првиот од двата натпревари во Далас, гостите од Сан Франциско славеа со 109-101. 
 
На Далас не му помогна ниту фантастичниот Лука Дончиќ кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок 40 поени и 11 скокови. 
Во победничкиот тим двоен ефект имаа Стеф Кари со 31 поен и 11 асистенции, како и Ендрју Вигинс кој на 27-те поени придодаде 11 скокови. 
 
Парава шанса за пласман во големото финале Голден Стејт ќе ја има повторно во Далас на мечот закажан за во среда наутро во 3 часот. 
 
А, ноќеска во 2 часот и 30 минути по полноќ ќе се игра четвртиот финален меч во Источната конференција, и тоа во Бостон, каде Мајами влегува со предност од 2-1 во победи.