Македонија
16. јуни 2016 - 13:17

Годишно собрание на библиотекарско здружение

Гевгелија е домаќин и организатор на 43. Годишно собрание на Библиотекарското здружение на Македонија.

Во работниот дел беа презентирани стручни трудови на теми за луѓето, заедницата и нациите, за позиционирањето на библиотеките во општеството базирано на знаење и за библиотекарството во Македонија во новото време кои по слободен избор на учесниците биле презентирани на три начини, преку излагање на трудот, постер презентација и мултимедијална презентација.

Во рамки на Собранието денеска ќе бидат избрани новите тела за периодот до 2018 година комисиите за доделување на наградите „Климентова повелба 2016“ и за библиотека на годината.