Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто
Годишната стапка на инфлација во еврозоната според прелиминарната проценка се зголеми од септемвриските 1,7 отсто на два отсто во октомври, соопшти денеска Евростат.
Во октомври цените на енергенсите се намалија за 4,6 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога се намалија за 6,1 отсто.
Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемија за 3,9 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и минатиот месец, а индустриските производи освен енергијата поскапеа за 0,5 отсто на годишно ниво, споредено со растот од 0,4 отсто во септември.
Цените на храната, алкохолот и тутунот во еврозоната во октомври се зголемија за 2,9 отсто на годишно ниво, што значи забрзаа во однос на септемврискиот годишен раст од 2,4 отсто.
Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната во октомври изнесуваше 2,7 отсто, што е исто како и во септември.
На месечно ниво, инфлацијата во еврозоната е зголемена за 0,3 отсто во однос на септември.
Во врска со четирите најголеми економии во еврозоната, годишната инфлација во Германија се зголемила во октомври од септемвриските 1,8 на 2,4 отсто, како и инфлацијата во Франција, од 1,4 отсто на 1,5 отсто, Италија, од 0,7 отсто на еден отсто и Шпанија, од 1,7 отсто на 1,8 отсто.
Еуростат ја мери инфлацијата со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, а резултатите од оваа методологија понекогаш се разликуваат од податоците објавени од земјите во еврозоната.
Ново на Сител
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки
-
Приведен струмичанец за силување на својата 20-годишна девојка
-
Регистриран земјотрес во близина на Охрид
-
Зеленски: Во Германија најмалку 300.000 Украинци не работат и не бараат работа
-
Кјоб за Сител: Новата влада има добри економски приоритети но треба да се види реализацијата
-
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто