-->
-->
Годишната инфлација во Грција намалена на 6,2 отсто, но цените на храната остануваат високи
-->
Годишната инфлација во Грција во месец февруари дополнително се намалила и изнесува 6,1 отсто, намалување што се должи на цените на електричната енергија, бидејќи инфлацијата кај храната и прехранбените производи се зголеми за 14,8 отсто, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Инфлацијата во јануари годинава била седум проценти и 7,2 отсто во февруари 2022 година.
Според АНА-МПА, согласно податоците од грчката служба за статистика, за една година, од февруари 2023 до февруари 2022 година цената на електричната енергија се намалила за 22,4 проценти, но има зголемување на цените на прехранбените продукти.
Поконкретно, млечните производи и јајцата се за 25,2 отсто поскапи, месото за 20 проценти, лебот и житните производи за 16,8 отсто итн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба