Македонија
5. March 2024 - 12:28

Гоце Ристов ново име на листата на ДИК – Има рок до петок да собере 10.000 потписи во трката за претседател на државата

Ново име се појави на листите за собирање потписи во трката за кандидат за претседател на државата.

„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, велат од ДИК.

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата.

Рокот за собирање на потписи истекува на 8 март, на полноќ.