-->
-->
Го запалила автомобилот на поранешниот дечко - Причината ќе ве шокира
-->

Поради љубомора Слаѓана Л.(39), минатата недела можела да предизвика голема трагедија во Аранѓеловац во Србија. Во целата несреќа, среќа е што изгорел само мерцедесот на нејзиниот поранешен дечко.
Имено, на скриен паркинг во Бања изгорел автомобил марка мерцедес со белградска регистрација. Автомобилот со бензин го посипала Слаѓана Л., бидејќи сакала да му се одмазди на својот поранешен дечко, кој според пишувањата на српските медиуми во тој момент бил во колата со друга девојка.
Слаѓана дознала каде се „забавуваат“ девојката и поранешното момче, па ги посетила. Со нејзиниот автомобил удрила директно во мерцедесот, по што веднаш тројцата излегле од автомобилите.
Љубоморната Слаѓана почнала да вреска и да го полива автомобилот со бензин и го запалила.
Веднаш потоа седнала во нејзиниот автомобил и го напуштила местото.
Полицијата трага по Слаѓана, а за целиот настан е известен и надлежниот обвинител во Аранѓеловац.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот