Живот
28. јуни 2017 - 12:25

Го удри двоспратен автобус, тој стана, ја истресе прашината и влезе во паб на пиво

Надзорната камера во англискиот град Рединг сними застраѓувачки момент кога автобус удри маж додека се движеше по тротоарот, по што тој мирно стана и влезе  во паб.

Сајмон Смит (53) поминувал улица во саботата наутро кога одеднаш на него налета автобус над кој возачот изгубил контрола во кривината. Возилото прво удри во бандера, а потоа во Смит.

Автобусот потоа запре десетина метри подолу..

Смит имаше неверојатна среќа што избегна потешки повреди, и веднаш по ударот стана и влезе во паб. Се уште не е познато зошто возачот изгубил контрола над автобусот.

Смит за би Би Си рече дека е среќен што останал жив и изненаден што поминал само со мали повреди.

Сопственикот на пабот Даниел Фрифелд (50) го опиша тој настан. „Се сеќавам дека Сајмон стана, ја истресе прашината, а потоа дојде итна помош и го одведе на преглед. Немаше никакви сериозни пвореди, но имаше модрици и гребаници. Мислам дека влезе во пабот на пиво за да се опушти малку“.