Живот
5. January 2020 - 18:47

Го прослави 117. роденден - ова е најстарата жена во светот

Кане Танака е најстарата личност на светот, а 117. роденден го прослави во старски дом во Фукуоки на југот на Јапонија.
 
На роденденската прослава денеска беа присутни персоналот од домот и пријателите, објави во телевизиска репортажа TVQ Kyushu Broadcasting Co.
 
Танака лани беше прогласена за најстара жива личност, според Гинисовата книга на рекорди.
 
Нејзината рекордна доба ја симболизира јапонската долговечност на популацијата, која заедно со ниската стапка на раѓање ја зголемува загриженоста од недостигот на работна сила и можностите за идниот економски раст.
 
Танака е родена 1903 година, а се омажила во 1922 година за Хиде Танака.
 
Парот имал пет деца.