Го прогонувала во соништата: Момче ја откопало мртвата девојка од гроб и ја запалило
Русинот Јуриј Головин (30) е уапсен зошто го откопал ковчегот на поранешната девојка Олга Гилев, која починала пред 5 години, а потоа нејзиното тело го запалил.
Како што јавија руските медиуми, овој бизарен случај се случил во селото Меншчиково во централна Русија, оддалечено 1.800 километри од Москва.
Олга, тогаш на свои 17години, извршила самоубиство, бесејќи се по нервниот слом што го доживеала поради раскинувањето.
Головин тврди дека од тогаш постојано му се јавувала на сон. Тој го обвинил нејзиниот дух дека го прогонувал и рекол дека морал да го запали нејзиниот труп за да му престанат ноќните кошмари.
На крајот пукнал и со помош на 23-годишник чиј идентитет не е соопштен, го направил тоа што му го побарал духот - го откопал трупот на бившата девојка и го запалил.
За среќа Головин не успеал во својата намера. Ковчегот на некои места е оштетен од огнот, но не успеал да го запали.
Според руските закони, нему поради сквернавење на гробот му се заканува затворска казна до 5 години.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа