Живот
8. April 2019 - 9:42

Го навредувала сопругот преку Фејсбук, сега на Британка ѝ се заканува затвор

Британката Лејла Шахравеш се соочува со затворска казна во Дубаи, оти пред три години на Фејсбук новата сопруга на нејзиниот поранешен партнер ја нарекла „коњ“, а него – „идиот“, бидејќи се оженил со неа.

Жената инаку е вработена во прифатилиште за бездомници во Лондон. Таа може да добие две години затвор во Дубаи и парична казна од 50.000 фунти, соопштија активисти на граѓанската организација „Затворени во Дубаи“.

Шахравеш минатиот месец била приведена во Обединетите Арапски Емирати заедно со нејзинта 14-годишна ќерка Парис, со која сакала да присустваа на погребот на нејзиниот поранешен сопруг. Таа е уапсена е пред самиот погреб и тоа за „навреди“ објавени на Фејсбук во 2016 година.

Шахравеш била во Велика Британија, кога ги пишувала објавите, а нејзиниот поранешен сопруг, кој починал од срцев удар на 3 март годинава, со новата сопруга живееле во Дубаи.

Законите за кибер криминал во Дубаи предвидуваат дека лице кое ќе пристигне во земјата може да биде судено доколку негови стари објави на социјалните мрежи сè уште може да се видат.

Пасошот на Шахравеш и е одземен, а ќерка ѝ е сместена кај нивни пријатели. Организацијата „Затворени во Дубаи“ ја презеде адвокатската помош и заштита за Лејла Шахравеш.