Македонија
22. July 2022 - 16:59

Го излажал дека ќе го вработи во државна институција и му зел 3.000 евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на март 2022 година, пријавениот го довел во заблуда К.М. од Охрид дека ќе го вработи во државна институција, по што на 29.03.2022 му зел 3.000 евра и се стекнал со противправна имотна корист од 186.000 денари.