Го фрлија на земја и го шутираа: Градоначалникот на Солун Бутарис брутално нападнат и претепан
Националистичките екстремисти во саботата го нападнаа градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис и му нанесоа повреди на главата, грботи и нозете, поради што е хоспитализиран, изјави претседателката на градскиот совет Калипсо Гула.
Таа рече дека градоначалникот Бутарис присуствувал на церемонија на спуштањето на знамето на комеморацијата на Грците кои загинаа во борба против Турците во Првата светска воја и во грчко-турската војна која следуваше.
Гула, која исто така присуствуваше на тој настан, наведе дека тогаш десетина луѓе му се доближиле на Бутарис (75) и му рекле да го напушти собирот, а потоа го нападнале со шишиња.
Бутарис паднал, а напаѓачите го удирале по глава и нозе. Гула рече дека политичарите биле исвиркани во текот на црквоната служба по повод комеморацијата за жртвите.
Градоначалникот Бутарис, како што наведува АП е познат по антинационалистичките ставови.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари