Го фатиле на Табановце со два пасоши
Вчера во 16,40 часот во полициската станица на граничен премин Табановце, на излез од Република Македонија со патничко моторно возило -комби „Мерцедес“ со албанска национална ознака управувано од М.Л носител на албанска патна исправа се пријавил Т.С (1987) од Република Албанија, со албанска патна исправа.
При пасошка контрола, униформирани полициски службеници утврдиле дека сликата од патната исправа, не се совпаѓа со носителот на пасошот, односно лицето се послужило со туѓа патна исправа.
По извршен преглед кај лицето пронајдена е патна исправа на име M.E. (1993) од Република Албанија, со која патна исправа утврден е вистинскиот идентитет на лицето.
Од извршениот разговор утврдено е дека лицето влез во Република Македонија остварило истиот ден на граничен премин -Долно Блаце, со туѓата патна исправа.
Лицето е приведено и со потврда за привремено одземени предмети патната исправа на име Т.С. му е одземена.
Ново на Сител
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани
-
Антикорупциска отвори предмет за назначувањето новиот директор на АНБ, Бојан Христовски
-
230 луѓе останаа без дипломатски пасоши, меѓу нив и претседателот на ФФМ
-
До крајот на месецот средба на мешовитата македонско–бугарска историска комисија
-
Судскиот совет одлучи: Јавен укор за судијката Спировска-Панева