Македонија
23. April 2024 - 16:38

Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи

2536, ова е најголемото избирачко место каде денеска се гласа. Во затворот Идризово кој припаѓа на општинската изборна комисија Гази Баба, запишани се близу 900 избирачи. Ден пред официјалното гласање, први избирачкото право го остваруваат затворениците. По десетмина во група, еден позади друг чекаа да го добијат гласачкото ливче.

„Изборите во КПУ-Идризово започнаа вчера со добивањето на избирачкиот материјал кој беше сместен во дополнително обезбедена просторија. Утрово во 7:00 часот беше отворено избирачкото место без проблеми. Од запишани 1048 избирачи, право на глас имаат 887“, изјави Зоран Јовановски, Директор на КПУ-Идризово.

На избирачкото место не се употребува уред за вчитување отпечаток од прст. Идентитетот на гласачите бил утврден при влегувањето во казнената установа, па се гласа со затворската легитимација.. Одборот задолжен за спроведување на гласачкото право, појаснува дека во Идризово моментално престојуваат затвореници од 59 општини и секој добива гласачко ливче според местото на живеење..

„Воспоставивме распоред, зависно од одделенијата и третманите, така и се одвива гласањето. ::Има затвореници кои одбиваат да дојдат на гласачкото место? Тоа е нивно уставно загарантирано право дали ќе сакаат или не. Ние им овозможуваме  да дојдат да гласаат. Сите се известени, кој сака да дојде да гласа ќе биде донесен и ќе гласа“, вели Јовановски.

Избирачките ливчиња затворени во плик со име на општината од која доаѓа затвореникот по отварање на гласачката кутија се предаваат на општинските изборни комисии. Секоја од нив, доделените гласови, ќе ги впише во вкупниот број кои ќе го освојат претседателските кандидати.