Гласаа и Албин Курти и Абдулах Хоти посакаа мирен изборен ден
Правото на глас,на денешните парламентарни избори на Косово, го остварија и двајцата кандидади за иден премиер на Косово, Албин Курти и Абдулах Хоти.
Кандидатот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти, посака избрниот ден да мине во најдобар ред.
- Само што го остварив моето демократско право и граѓанска обврска да гласам. Посакувам се да оди како што треба, како што е најдобро.Излезноста ќе биде масовна, изјави Курти по гласањето.
Гласаше и Абдулах Хоти,кандидат за премиер на коалицијата Демократски сојуз на Иса мустафа и Алијансата за Ново Косово,на Беџет Пацоли.
- Ја реалзирав мојата граѓанска обврска,ги повкувам граѓаните да гласаат,рече Хоти,кој искажа пофални зборови за ангажираноста на избирачките одбори,набљудувачите и полицијата.
Претходно правото на глас го оствари и Рамуш Харадинај, лидер на Алијаната за иднината на Косово, и кандиадат за премиер од коалицијата на неговата со Демократската партија на Кадри Весели(екс лидер Хашим Тачи) и Иницијативата за Косово,на Фатмир Лимај,кој упати апел до граѓаните да излезат да гласаат и да одлучат за својата иднина.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична