Ѓукиќ: Нападот на Каракачанов за српскиот јазик во Македонија остана без одговор од Србија
По критиката на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев за отварање Српски културен центар во Скопје и повторното воведување српски јазик во образовниот систем во Македонија, во Србија не престануваат коментарите и критиките, но само во медиумите, јави дописникот на МИА од Белград.
„Кој тоа го зајакнува српскиот јазик: Влијание? Бугарски препукувања упатени до Македонија, преку грбот на Србија“ (Блиц), „Бугарска офанзива на Белград: „Лудило“ на вицепремиерот„ (Србија денес), „На бугарскиот министер му пречи воведувањето на српскиот јазик, па му порача на Скопје – не ви е ова пријава“ (Новости), „Неразбирлив сон на Бугарија-Србија им е виновна за постоењето на Македонија„ (Спутник Србија), „Бугаринот најстрашно ја плукна Србија! Србите се џелати на Македонија, а вие им го честитате Свети Сава, воведувате српски јазик…“ (Правда), „Бугарскиот вицепремиер ја нарече Србија џелат на Македонија!“ (Ало)….се наслови од повеќе српски медиуми кои изминативне три дена пишуваат на оваа тема.
Денеска, поранешниот српски амбасадор во Русија, Бугарија, Белорусија, Среќко Ѓукиќ, коментриајќи ја за агенцијата Бета активноста на министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ во првите 100 дена од српската Влада, оцени дека неговата работа не заслужува позитивна оценка.
-Тој за 100 дена ги посети само Кипар и Бугарија. Посетата на Бугарија беше брзо анулирана, бидејќи министерот за одбрана, Красимир Каракачанов жестоко ја нападна Србија поради одлуката на Македонија да го воведе српскиот јазик во училиштата. Тој напад остана без одговор од српска страна, што е недопустливо, изјави Ѓукиќ.
Задачата на министерот Селаковиќ беше да ја покаже насоката на надворешната политика на Србија во првите 100 дена, но во тој поглед тој не направи ништо, оцени Ѓукиќ.
-Селаковиќ не посети ниту една соседна земја, освен Бугарија, никој од соседните не го посети Белград и немаше ниту еден телефонски разговор, изјави амбасадорот Ѓукиќ.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево