Ѓукановиќ: Мета на протестите беше сувереноста на Црна Гора
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска во Парламентот изјави дека протестите на Демократскиот фронт (ДФ) од старт имале цел која имплицирала насилство и промена на власта на начин спротивен на Уставот на Црна Гора.
Тој наведе дека протестите биле недемократски, насилни и агресивни.
- Политичките сили на протестите со месеци се обидуваа на сите начини да ги заплашат граѓаните со членството на Црна Гора во НАТО. Ги плашеа луѓето дека ќе станеме мета на Исламската држава. Организираа бизарни перформанси пред Парламентот, на кои се симулираше обезглавување од страна на ИД. Сето тоа покажа дека главна мета на протестите беше црногорската сувереност, наведе Ѓукановиќ.
Тој посочи дека и ДФ потврдил оти од првиот ден планирал насилство и дека демонстрациите ќе се сметале за успешни само ако резултатот бил упад во државните институции и противуставна смена на власта.
- Нема опасност дека последните случувања ќе го загрозат патот на државата кон Алијансата. Во овој момент најважен национален интерес е поканата за членство во НАТО, истакна Ѓукановиќ.
Црногорскиот премиер повтори дека Владата е подготвена по поканата за членство во НАТО ќе распише парламентарни избори.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен