Ѓукановиќ ѝ порача на црногорската опозиција да не се залетува
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ѝ порача на дел од опозицијата, која тврди дека попрво ќе се запали во Парламентот отколку да дозволи усвојување на Законот за слобода на вероисповед, да не се залетува.
Ѓукановиќ изјави дека неволно одговара на логиката на сила и оти за сите прашања, па и за оние кои има драстични разлики, можно е толерантно да се разговара.
– Но кога ќе ве доведат во ситуација да морате да одговорите на нивните аргументи, тогаш сакам да кажам дека се лаже секој оној кој мисли дека поединечно или како институција може да победи која било држава, вклучувајќи ја и државата Црна Гора, изјави Ѓукановиќ во интервју за РТЦГ.
Црногорскиот претседател вели дека имало многу такви обиди во минатото. – Најсвежи ни се сеќавањата од 2015 и 2016 година. Видовте како тоа заврши и видовте како им ги искршија забите на оние кои мислеа дека уриваат држава. Кој и да ни се заканува со својата подготвеност да се запали, жртвува…ќе добие јасен одговор дека нè има многу повеќе на оваа страна, кои сè во животот сме дале за да исправиме една историска неправда и да ја обновиме црногорската држава, истакна Ѓукановиќ.
Владата на Црна Гора го усвои Предлог законот за слобода на вероисповест кој подразбира дека сите верски заедници мора да докажат дека пред 1918 година биле сопственици на црковен имот, инаку ќе им биде одземен. На Законот остро се спротивстави Српската православна црква.
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување